19 април, 2024
ПочетнаКОРОНАИЈЗ: Намален бројот на новозаболени и починати во последната недела

ИЈЗ: Намален бројот на новозаболени и починати во последната недела

Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје, во периодот од 12 до 18 април 2021 година тестирани се вкупно 21.763 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2 и има со намување од 20,4 % во однос на минатата недела. Регистрирани сe 5.199 нови позитивни случаи од 35 града во државата со намалување од 24,3 % во однос на минатата недела.

Најголем дел од регистрираните случаи е од Скопје (n=2.086; 40,1 %), со неделна инциденца – 337,7/100.000. Највисока неделна инциденца од 397,4/100.000 е регистрирана во Битола.

Процентот на позитивност се движи од 15,3 до 27,9 %, просечно 22,6 %.

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 (n=1.722, 33,1 %). Голем број заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 50 до 59 (n=919; 17,7 %), 40-49 (n=882; 17,0 %), 30-39 (n=835; 16,1 %) и 20-29 (n=506; 9,7 %). Најмал број е регистриран кај децата од 0 до 9 (n=95; 1,8 %) и од 10 до 19 години (n=240; 4,6 %). Се забележува намалување кај сите возрасни групи во споредба со минатата недела.

По добиени 2 негативни теста за присуство на SARS-CoV-2 или со употреба на новиот алгоритам, статус оздравени стекнале 5.921 лице што биле хоспитализирани или на домашно лекување, со намалување од 3,1 % во споредба со минатата недела.

Пријавени се 206 смртни случаи од 26 града, 25,4 % помалку во однос на минатата недела. Во однос на возраста 175 лицa биле над 60 години, 20 лица на возраст од 50 до 59 години, по 5 лица од возрасните групи од 40 до 49 и од 30 до 39 години и еден од 20 до 29 години.

Во лабораторијата за вирусологија и молекуларна дијагностика при ИЈЗ се изврши секвенционирање на 48 селектирани SARS CoV-2 позитивни примероци. Тие беа избрани од периодот 1-31.3.2021. Резултатите од секвенционирањето покажаа присуство на генотипот UK variant кај 98 % од тестираните пациенти.

Дополнително, направено е скринирање за присуство на варијанти од посебно внимание на 200 пациенти, кој детектира 5 варијанти. Доминантен сој застапен со 100 % меѓу тестираните примероци е т.н. британска варијанта.

Заклучно со 18.4.2021 вкупно се вакцинирани 7.020 здравствени работници со прва доза (4.019 – Pfizer/Biontech и 3.001 – Sputnik V) и 6.750 (3.891 – Pfizer/Biontech и 2.895 – Sputnik V) со втора доза од вакцината против Ковид-19. Од 31.3.2021 почна вакцинацијата на населението за лицата над 73 години и заклучно со 18.4.2021 вакцинирани се 13.575 лица. Од 5.4.2021 почна масовната вакцинација со вакцинален пункт во салата „Борис Трајковски“, каде што се вакцинирани вкупно 18.376 лица.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП