JPMorgan Chase во средата објави профит и приходи кои ги надминаа очекувањата на аналитичарите со робусни резултати од тргувањето и 5,2 милијарди долари корист од ослободување на парите кои ги издвои за кредитни загуби кои не се реализираа.
Банката во првиот квартал оствари заработка од 14,3 милијарди долари или 4,50 долари по акција, поголема од 3,10 долари за акција што ја очекуваат аналитичарите анкетирани од „Рефинитив“. Приходот од 33,12 милијарди долари ја надмина проценката од 30,52 милијарди долари, водени од трговските операции на компанијата, што генерираше околу 1,8 милијарди долари повеќе приход отколку што очекуваа аналитичарите.

