2 мај, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕЛуксузниот ресторан Twister во Украина

Луксузниот ресторан Twister во Украина

tw1

Практично е невозможно да не се заљубите во ова место на прв поглед и да не сакате барем еднаш да ја имате честа да седнете на ручек или на кафе, уживајќи во совршено дизајнираниот простор.

tw2

Ресторанот се вика „Twister“, а е лоциран во Киев, па доколку ве води патот накај Украина, никако не пропуштајте ја можноста да го посетите.

tw3

„Виновниците“ кои го комплетирале целокупниот ентериер во овој модерен европски ресторан се дизајнерското украинско дуо Serghii Makhno и Vasiliy Butenko. Ресторанот е составен од двокатен оддел за јадење и релаксирачки бар.

tw4

Во „Twister“ ќе се чувствувате како птичка во лет, додека го пиете вашиот коктел или додека вечерате под кровот кој потсетува на торнадо.

tw5

Главната цел додека бил уредуван просторот на овој ресторан, била да се креира една природна, модерна и удобна атмосфера. Двокатниот оддел за јадење, е инспириран од два природни феномена: торнадо и дожд.

tw6

Шесте балкони во кои се сместени свиените сепариња, имаат облик на торнадо, а ламбите во облик на капки, претставуваат дожд кој паѓа од небото. Сите овие фантастично реализирани модерни дизајнерски идеи, создаваат една природна атмосфера која ја гарантира удобноста на муштериите, а природните кафени нијанси, создаваат смирувачки ефект.

tw7

Во барот пак, ѕидовите се набоцкани со дрвени стапчиња, а ваквата декорација создава чувство како да седите во птичјо гнездо, во кое ви е топличко и пријатно. Фотелјите, потсетуваат на шишарки, а ќе се сложите дека делуваат како седењето на нив да е многу удобно.

tw8

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП