Технологијата нуди нови можности, но не е тестирана кога станува збор за обработка на малопродажни плаќања и за потребното ниво на безбедност.
Шведската централна банка планира да ја тестира употребата на дигиталната валута е-круна во реалниот свет и во проектот ќе вклучи и комерцијални банки.
Централните банки ширум светот планираат да воведат дигитални валути на централните банки (CBDC) како одговор на намалената употреба на готовина и како начин за забрзување на домашните и меѓународните плаќања.
Досега, пилот-проектот за е-круна беше симулиран само во рамките на Риксбанк, а во следната фаза, проектот ќе биде проширен и вклучува учесници како што се комерцијални банки, соопшти централната банка.
„Технологијата нуди нови можности, но не е тестирана кога станува збор за обработка на плаќања на мало и за потребното ниво на безбедност“, наведува Риксбанк.
Пилот-проектот трае една година, со цел да се тестираат можните начини за јавна употреба на е-круната во Шведска.
Риксбанк сè уште не може да потврди кои банки или даватели на услуги за плаќање ќе помогнат во следната фаза на тестирање, но целта е да се процени како е-круната може да се користи и за големи комерцијални и за мали плаќања.
Истражувањето спроведено од Банката за меѓународни порамнувања во јануари, покажа дека централните банки кои „покриваат“ една петтина од светската популација, најверојатно, ќе започнат да издаваат свои дигитални валути во следните три години. Многу централни банки гледаат на CBDC како средство за спречување на конкуренцијата на криптовалути и одржување на централната улога на јавните органи во системот на плаќање.
Досега, повеќето централни банки наидоа само на истражување на CBDC. Само Бахамите го воведоа CBDC, додека Шведска и Кина започнаа да го тестираат.