26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИнтервју со Мате Штетиќ, генерален директор - Гранд кафе најпрепознатлив бренд...

Интервју со Мате Штетиќ, генерален директор – Гранд кафе најпрепознатлив бренд во минатата година

„Пазарот во Македонија е многу конкурентен со исклучително моќни домашни брендови кои со своето присуство даваат специфичност на овој пазар, но и покрај пандемската криза, Гранд кафе забележа пораст на продажбата во минатата година.“ Мате Штетиќ – Генерален директор на Стратешка бизнис област Кафе, Атлантик Група.

  1. Во компанијата сте релативно кратко време, но имавте одговорна задача да го зачувате нејзиниот најголем бизнис – Кафе, во најтешкиот период уште од основањето на Атлантик Група. Како претходните искуства ви помогнаа да се справите со предизвиците кои ви застанаа на патот во последниот период?

Секоја компанија и секој пазар има свои специфичности, но на основа на некои ситуации кои веќе имав можност да ги поминам во работната пракса, го користам тоа искуство за полесно да согледам некои денешни предизвици и да донесам што подобри одлуки за во иднина. Она што уште на самиот почеток се покажа како добро е диверзифицираното портфолио на Атлантик што резултираше и во прилично голема отпорност на ситуацијата со коронавирусот. Ние имаме пржилници на четири пазари, тука во Македонија, во Србија, Словенија и БиХ и секаде сме домашна компанија која вработува и вложува во својата заедница. Од друга страна, постигнавме неверојатна рамнотежа во производството и дистрибуцијата и станавме рамноправно моќен економски субјект во сите земји од регионот. Нашата сила е во постоечкото искуство и нашиот know-how кој го развивме во сите екс-ЈУ земји, но и во флексибилноста дека можеме да се приспособиме на потребите во опкружувањето и промените на пазарот, но и на храброста и иновативноста, бидејќи понекогаш за нешто мора да се воздржиме, а понекогаш да пробаме нешто ново иако тоа ни носи и одреден ризик.

  1. Минатата година ја стави компанијата на тест за издржливост. Меѓутоа, Атлантик Група со своето добро стратешко планирање уште еднаш успеја да докаже неспоредлива стабилност и годината ја заврши со далеку подобри резултати од очекуваните. На што ги припишувате добрите резултати?

Како лидер во индустријата на храна и пијалаци, чии брендови имаат богато наследство и се дел од животите на генерации и генерации потрошувачи веќе голем низ години, со понатамошен фокус на своите главни брендови, Атлантик Група во последните две години ги дезинвестираше малите и non-core сегментите, и продолжи со зајакнување и проширување на своите клучни бизнис сегменти, доминантно од индустријата на храна и пијалаци. Исто така, ги прегледавме сите наши деловни процеси и идентификувавме места за можни подобрувања и оваа оптимизација во сите сегменти, како и стабилната финансиска позиција, ни овозможија да го одржиме деловниот континуитет и безбедноста на работата дури и во услови на криза, активно да учествуваме во помагање на заедницата во борбата против вирусот корона и ја подобривме профитабилноста со минимални негативни последици врз консолидираните приходи и рекордно ниско задолжување. Накратко, ги подобривме процесите и профитабилноста, а продажбата ја одржавме на отприлика истото ниво како 2019 година, која ни беше рекордна година, што ја потврди отпорноста на криза на нашата стратегија. Во таа наша приказна, Кафето, со околу 21% учество во вкупните приходи се покажа како најголема поединечна категорија, која и покрај значајниот пад на продажбата преку HoReCa каналот, успеа да одговори на новите трендови на зголемена потрошувачка во домаќинствата и на „кафе за носење“ и  така практично ги анулиравме негативните последици од затворањето.

  1. Последните неколку месеци донесоа и многу признанија и награди за Атлантик Група, која беше прогласена за најдобар работодавец во регионот и компанија која има одлични односи со инвеститорите и каде задоволството на вработените е подеднакво важно како и задоволството на купувачите. Како би ја опишале моменталната пазарна ситуација во Македонија? Според вас, што е најголемата предност на Атлантик Група во однос на конкуренцијата?

И покрај кризата, Гранд кафе забележа раст на продажбата во Македонија. Ние сме присутни на пазарот како домашен производител, но со силна дистрибутивна мрежа. Дури и за време на кризата, не престанавме да инвестираме на пазарот, во брендови, па дури и во лансирање на ново портфолио на инстант кафе под големиот бренд Insta. Нашето портфолио е составено од неколку брендови во неколку категории со јасен фокус на свежо мелено кафе како најпопуларна категорија кафе во нашите региони. Македонскиот пазар е многу конкурентен со исклучително силни домашни брендови, кои по својот изглед му даваат специфичност на овој пазар. Со цел нашите потрошувачи подобро да разберат што е вистински квалитет, ние се обидуваме да бидеме искрени и транспарентни во нашата комуникација и да посочиме што е свежо мелено и печено кафе од одредено географско потекло, избрано и одгледувано за нашите потрошувачи. Горди сме што Гранд кафе во 2020 година беше признат како најпрепознатлив бренд од македонските потрошувачи.

  1. Со оглед на брендовите Гранд кафе, Баркафе и иновативниот производ Black’n’Easy кафето за брза подготовка, логично е да се претпостави дека Стратешкото подрачје Кафе е еден од најважните делови на Атлантик Група. Дали резултатите во оваа област се одговор на промените на пазарот и какви се проценките за 2021 година?

Атлантик Група влезе во тековната година со објавување на стратешките приоритети за следниот период од три до пет години, кои во основа вклучуваат зајакнување на деловната база и понатамошен раст.

Како најголем производител на кафе во регионот, продолжуваме да го зајакнуваме искуството на потрошувачите во клучните категории кафе, да ги зголемуваме инвестициите во нашите брендови и нивната конкурентност, со цел подобро да одговориме на денешните потреби на потрошувачите. Патем, целокупната категорија кафе станува сè подинамична, сè повеќе потрошувачи пијат повеќе различни видови кафе во текот на денот. Тоа што потрошувачите сакаат да го пренесат и почувствуваат искуството од HoReCa и во нивниот дом претставува глобален тренд. Потрошувачите се сè поинформирани, расте интересот за посебни видови кафе, за кафе со потекло, тие бараат врвно уживање и искуство, но исто така, потрошувачите сакаат да знаат дали нивното кафе се одгледува на одговорен начин. Затоа, брендовите ќе треба да се фокусираат на интересни и иновативни пристапи кон комуникацијата за транспарентност, за да ги убедат потрошувачите да донесат правилна одлука за купување.

  1. Дали успехот на СП Кафе значи дека во блиска иднина можеме да очекувате иновации и нови производи во палетата на Атлантик Група?

Придвижувач на нашиот деловен систем е филозофијата на иновации, а нашата цел е да ја зајакнеме и подобриме водечката позиција во категоријата Кафе. Со цел да останеме прв избор на потрошувачите, нашиот фокус првенствено ќе биде на категоријата свежо мелено кафе, но исто така и на развојот на брзорастечки сегменти како што се инстант, капсули и особено производи за потрошувачка надвор од домот. Консумацијата во движење е растечки тренд во целиот регион, директно поврзан со недостатокот на време на потрошувачите и потребата да им се понудат готови решенија. Портфолиото на Атлантик совршено одговора на овој тренд. Тоа е исто така една од клучните можности за раст, а со тоа и за вложување во иднина, првенствено преку поддршка во маркетингот и продажба. Со самото тоа, како што веќе напоменав, подготвуваме новитети во скоро сите категории, посебно кај свежо меленото кафе, а исто така го унапредуваме и подобрување нивото на услуги во рамките на еспресо и кафе за носење.

Дополнително:

Патот на зрното кафе од плантажа до вашата шолја, точно е дефиниран по етапи и подразбира контрола на квалитетот на секој од тие процедурални чекори. Одбраното зрно кафе од плантажа до производство се контролира четири пати: еднаш на плантажа, еднаш пред да се товари во брод, потоа кога ќе се истовари во Копар или Трст и последниот пат кога ќе стигне во една од нашите пржилници. Секако, се контролира и готовиот производ и тоа единствено кога ваквата строга контрола ни гарантира дека во промет ќе го пуштиме само најдоброто кафе, чиј вкус ќе го препознаат нашите потрошувачи – љубителите на Гранд кафе.

Ајде да имаме време – во новата комуникациска платформа Гранд кафе порачува дека преку уживање во шолјата омилено кафе може да си посветиме време себеси и на најблиските. Денеска можеби и повеќе од било кога претходно, сите сфаќаме дека треба да уживаме во семејството, пријателството и љубовта бидејќи моментите кога „имаме време“ се оние кои се навистина важни, кои не’ исполнуваат и кои не треба да ги пропуштиме.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП