25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБерлин и Париз: Посилна еврозона во мај

Берлин и Париз: Посилна еврозона во мај

evrio1

Германија и Франција ќе изнесат заеднички предлог за јакнење на еврозоната до мај, во пресрет на самитот на Европската унија, изјави германската канцеларка Ангела Меркел.

Францускиот претседател Франсоа Оланд и германската канцеларка Ангела Меркел изјавија дека целта на предлогот е „стабилизација и продлабочување“ на европската економска и монетарна унија, пренесе агенцијата АР.

Меркел истакна дека иницијативите ќе се однесуваат на вработувањето, економскиот раст и конкурентноста, и дека тие ќе бидат презентирани до мај, пред состанокот на Европскиот совет во јуни.

„Ние работиме на тоа. Ќе се обидеме да бидеме повеќе конкурентни, повеќе продуктивни со цел да се зајакне економскиот раст“, изјави претседателот на Франција, додавајќи дека прашањето за европскиот буџет, исто така мора да биде решено.

Преговорите за буџетот на ЕУ за периодот од 2014 година до 2020 година заглавија во ноември, поради големите разлики во размислувањата на земјите. Некои земји, на чело со Британија бараа повеќе-годишниот буџет, од над една милијарда евра значително да се намали, одбивајќи го бараното зголемување на буџетот од пет проценти.

Другите држави, првенствено новите членки и посиромашните економии се залагаа за поголемо трошење, особено во социјалниот и инфраструктурниот сектор, бидејќи тие најмногу придонесуваат да се промовира економскиот раст и вработувањето.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП