26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИДизајнерите од цел свет ќе дизајнираат етикета за Chardonnay

Дизајнерите од цел свет ќе дизајнираат етикета за Chardonnay

tikves

Виното Chardonnay на ВВ „Тиквеш“ од бербата 2013 година ќе има уникатна дизајнерска етикета за која ќе се натпреваруваат дизајнери од целиот свет. Skopje Design Week објави меѓународен повик преку кој ги информира сите заинтересирани дизајнери да учествуваат со свои предлози и да изработат етикета за виното Chardonnay.

Пристигнатите дизајнерски решенија ќе ги разгледува интернационално жири, а 10 најдобри предлози ќе бидат изложени во рамките на Skopje Design Week што ќе се одржи годинава во Куршумли ан од 1 до 6 октомври. Најдоброто решение ќе биде прогласено на затворањето на Skopje Design Week на 6-ти октомври. Првонаграденото дизајнерско решение ќе добие и парична награда во висина од 30.000 денари.

Оваа е уникатна шанса, како за странските така и македонските дизајнери, особено помладите кои не добиваат можност да бидат афирмирани преку свој дизајн и во исто време да бидат и парично наградени за истото.

tikves2

„Ракавицата е фрлена, потребата детектирана, предизвикот присутен. Најважниот сегмент на Skopje Design Week е токму препознавање на потребата за ДИЗАЈН од страна на бизнис заедницата. Секое нешто кое е оригинално „спакувано“ има поголема вредност. Зборуваме за дизајн на автомобил, мебел, облека, пакување, за дизајн на живот, бидејќи токму симбиозата од естетиката, чувството кое се буди и потребата, е онаа дистинкција која луѓето ја прифаќаат во зависност од својата културолошка освестеност. Примерот за соработка со „Тиквеш“ не охрабрува во смисла дека во Македонија постојат бизнис ентитети кои наоѓаат слух за професионален и одржлив пристап кон својот производ, притоа нудејќи му на својот потрошувач дополнително задоволство за неговите сетила. Соработката не мора да запре тука, можеме да размислуваме за дизајн на шише, на пакување, на вински прибор и слично“ – истакна Александар Велиновски, директор на Skopje Design Week.

Skopje Design Week годинава го доживува своето трето издание, собирајќи ги на едно место сите што се занимаваат со нови иновативни дисциплини и се подготвени да експериментираат со нови алтернативни правци во дизајнот. Партнерството меѓу ВВ „Тиквеш“ и Skopje Design Week годинава вклучува повеќе заеднички активности со цел да се понудат интересни содржини за посетителите.

tikves1

Како општествено одговорна компанија ВВ „Тиквеш“ недвосмислено ги поддржува иницијативите за поголема промоција и развој на дизајнот и креативноста во земјава. Сакајќи да дадеме конкретен придонес и вистинска поддршка и да ги поттикнеме сите оние кои што се занимаваат со дизајн се одлучивме на едно од нашите најпродавани вина да му дадеме нов визуелен израз кој, на наше огромно задоволство, ќе носи и авторски потпис. И виното и дизајнот се поврзуваат со убавата страна на животот, па оттука нивниот спој е сосема природен. Искрено се надеваме дека ова ќе биде доволно голем предизвик за успешен конкурс и уште поуспешни решенија“, потенцираа од „Тиквеш“.

Рокот за доставување на дизајнерските решенија е 15 септември 2013 година, по што стручното меѓународно жири ќе ги оценува. Победничкото дизајнерско решение ќе биде дел и од регионалната изложба на ВВ Тиквеш во 2014 година. Информациите од меѓународниот повик се достапни на следната веб страница: http://www.ministryofpleasure.net/opencalltikves.html

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП