„Motorola“ објави голем број телефони во текот на 2021-ва година, од прифатлив премиум модел со чип „Snapdragon 870“, до неколку буџетски телефони од серијата „Moto G“. И се чини дека компанијата не планира да запре. Сега се појавија рендери за „Moto G60“, како и моделот „Moto G20“.
Првите детали за телефонот „Moto G60“ се појавија порано во текот на март, а рендерите потврдуваат дека „Motorola“ менува некои работи со овој модел кога станува збор за дизајнот. Наместо исечоците што ги видовме кај моделите „Moto G50“ и „G30“, „Moto G60“ ќе има дизајн на дупки со отвор на камера во центарот.


