20 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАApple ќе откупува неоргинални полначи

Apple ќе откупува неоргинални полначи

polnac

Големи реакции беа прадизвикани од неодамнешните случувањата кои покажаа дека полењето на уредите „iPhone“ со неоргинални полначи може да биде опасно по здравјето.

За да се намали можноста таква слична ситуација да се повтори од „Apple“ објавија дека ќе стартуваат програма за откуп на неоргиналните полначи од корисниците. Тие кои имаат неоргинални полначи за сите видови на „iPod“, „iPhone“ или „iPad“ уредите можат да ги донесат истите во најблиската продавница на „Apple“, а за тоа ќе можат да купат оргинален полнач за само 10 долари.

„Apple“ и претходно знаеше да организира слични акции кога имало проблеми со користењето на одредени нивни производи, а ова е првпат да прават откуп на производи на други компании.

Кампањата е замислена како глобална и треба да биде достапна во сите „Apple“ продавници. Први кои ќе стартуваат со откупот се продавниците во Кина и тоа веќе на девети овој месец, а за остатокот од светот од 16-ти август.

Секој корисник по намалена цена ќе може да добие по еден полнач за секој „iPod“, „iPhone“ или „iPad“ уред кој го поседува.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП