26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПоради вчерашните пцости пред камерите, Несторовски нема да игра против Германија

Поради вчерашните пцости пред камерите, Несторовски нема да игра против Германија

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Игор Ангеловски, одлучи да не го ставa во составот Илија Несторовски за квалификациониот мечот со Германија, откако фудбалерот синоќа по постигнувањето на голот против Лихтенштајн се упати кон една од камерите и искажа вулгарни зборови.

„Бидејќи вчера на прес-конференцијата кажав дека од кога ќе ја погледнам снимката ќе ја коментирам ситуацијата со Несторовски сакам да ѝ го соопштам на јавноста следното:

Најнапред драго ми е што се извини и што даде свое објаснување зошто го направил тоа, но такво однесување од репрезентативец не може да помине несанкционирано, затоа е ослободен од обврските за следниот натпревар со Германија“, соопшти Ангеловски.

Напаѓачот на Удинезе, на вчерашниот натпревар против Лихтенштајн од пенал го постигна петтиот гол, па реагираше бурно, а по мечот истакна дека поракта која ја упатил е за три личности кои во изминатите денови му се заканувале нему и на семејството.

Сепак, многумина пред малите екрани сфатија како пораката да е упатена кон пошироката јавност, која во изминатиот период, а особено по натпреварот со Романија, упати критики за играта на македонскиот репрезентативец.

Пред селекторот да ја соопшти одлуката, Несторовски уште еднаш јавно се извини, нагласувајќи дека неговиоте зборови во никој случај не биле упатени кон целата јавност и рече дека ќе прифати секоја одлука што ќе ја донесе стручниот штаб.

„Како може некој тогаш да помисли дека им се обраќам на сите критичари, додека ја имам капитенската лента во тој момент. Беше за поединци. A со критикитe сум навикнат да се носам уште од почетокот на мојата кариера“, посочи напаѓачот.

Македонскиот национален тим ќе гостува во Германија на 31 март.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП