25 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОФинансиски проблеми за Лотус

Финансиски проблеми за Лотус

lotus1

Според германскиот печат тимот во Формула 1, Лотус „се бори за опстанок“. Во пласманот кај пилотите пред летниот одмор нивниот пилот Кими Раиконен е втор што го прави сериозен претендент за титулата оваа сезона.

Иако имаат шампионските надежи, сепак, тимот има големи тешкотии и најверојатно ќе престане да го развива болидот за 2013-та. На прашањето дали навистина Лотус имаат проблеми со парите, инженерот Алан Пермејн призна:

„Немаме многу други ресурси за 2013-та. Она што беше планирано, веќе е развиено и ќе биде искористено во следните трки“.

Во првите 10 трки од календарот Лотус веќе имаат осум подиуми, како и победа на Гран при на Австралија.

„Сакаме да победуваме на повеќе трки – тука сме за да се бориме во шампионатот. Втори сме кај пилотите и на четвртото место кај конструкторите и со тоа сме во добра позиција. Ние се бориме со тимови кои несомнено имаат многу повеќе средства на располагање, па очигледно вршиме многу добра работа тука, во Енстоун “, додаде Пермејн.

Финансиските проблеми за Лотус дефинитивно не доаѓаат во соодветен момент. Тимот се надева дека ќе може да го задржи Кими Раиконен и за 2014-та, но Финецот е посакуван пилот, а тимот има проблеми да му плаќа на време.

„Тоа се случи минатата година, сега повторно, не е идеално”, изјави Кими. Во јуни Лотус најавија нов спонзор „Infinity Racing“, со кого се надеваат да ја прицврстат ситуацијата. Подоцна сепак, стана јасно дека договорот се уште не е финализиран и како резултат на тоа платата на Раиконен уште се одолговлекува.

„ Очекуваме голема финансиска инвестиција, која е дел од идните планови на тимот. Може да има одредени одложувања, но по неколку дена се ќе биде познато. Го дискутиравме ова прашање со Кими“, изјави Ерик Булие пред финските медиуми .

Според шефот на тимот финансиските проблеми нема да го натераат  Финецот да го напушти тимот. На прашањето колку точно време ќе има треба да ја завршат трансакцијата, Булие одговори:

„Не сме далеку. Пакетот, кој ќе обезбеди иднината на компанијата, се собира полека, но ќе успееме. Кими ќе ги  добие сите одговори и ќе може да одлучи во следните неколку недели “.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП