27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНЛБ Банка го закажа Годишното собрание на акционери: Акумулирана добивка наместо дивиденда

НЛБ Банка го закажа Годишното собрание на акционери: Акумулирана добивка наместо дивиденда

НЛБ Банка го закажа Годишното собрание на 29.04.2021 година. На дневен ред е и одлуката за распределба на добивката за 2020 година која што надзорниот одбор ја предлага на собранието на акционери.

Добивката на НЛБ Банка за 2020 година на износ од 1.704.271.256,00 денари се распределува:

  1. За акумулирана добивка 1.022.311.017,00 МКД
  2. За задржана добивка за инвестициски вложувања 180.000.000,00 МКД
  3. За општ резервен фонд 501.960.239,00 МКД

Од банката образложија:

“Согласно годишната сметка и финансиските извештаи на Банката по методологија на НБРСМ за 2020 година, Банката оствари нето-добивка од 1.704.271.256,00 МКД (27.711.727,74 ЕУР со среден курс 61,5 МКД/ЕУР). Согласно член 483 од Законот за трговските друштва, Надзорниот одбор на Собранието на акционери му предлага распоредување на добивката за 2020 година. Имајќи ја предвид Одлуката донесена од страна на Советот на Народната банка на 26.02.2021, со која е предвидено привремено ограничување на распределбата и исплатата на дивиденда наакционерите на банките , распоредувањето на добивката за 2020 година се предлага на следниот начин:

  1. Дел од добивката во износ од 1.022.311.017,00 МКД (16.622.943,37 ЕУР со среден курс 61,5 МКД/ЕУР) да се распореди за акумулирана добивка.
  2. Дел од добивката во износ од 180.000.000,00 МКД (2.926.829,27 ЕУР со среден курс 61,5 МКД/ЕУР) да се распореди во задржана добивка за инвестициско вложување кое ќе служи за развојни цели, односно вложувања во материјални и нематеријални средства за проширување на дејноста. Со издвојувањето на дел од добивката во задржана добивка за инвестициско вложување се користи даночно ослободување пропишано со член 28 во Законот за данок надобивка објавен во Сл. весник бр. 112/2014,…290/2020 година. Тоа значи дека со изготвувањето на даночниот биланс за деловната 2021 година се користи правото на намалување на даночнатаоснова за искористениот износ на инвестициското вложување и утврдување помал данок на добивка.
  3. Дел од добивката во износ од 501.960.239,00 МКД (8.161.955,11 ЕУР со среден курс 61,5 МКД/ЕУР) да се распореди во општ резервен фонд. Распоредувањето се врши со цел зајакнување на капиталната база на Банката. Бараното ниво на капитал што Банката треба да го одржува е 15%, според регулаторните барања од Народната Банка. Минималното ниво на капитал што Банката го одржува се дефинира соминимална вредност на адекватност на капиталот утврдена со изјавата за апетит за ризик на Банката изнесува 15,5% и вклучува интерен менаџмент додаток од 50 базични поени. За исполнување на минималниот потребен капитал по 1.1.2021 година, Банката предлага да задржи дел од остварената добивка во 2020 година во износ од 681.960.239,00 МКД (11.088.784,37 ЕУР со среден курс 61,5 МКД/ЕУР). Банката предлага другиот дел од добивката во износ од 1.022.311.017,00 (16.622.943,36 ЕУР со среден курс 61,5 МКД/ЕУР) кој е 60% од реализираната добивка заклучно со 31.12.2020 да биде распореден како акумулирана добивка. Со вклучување на горенаведената добивка на Банката во пресметката на основниот капитал нака питалот, проектираната стапка на адекватност на капиталот на 31.12.2021 година ќе изнесува15,6%, пресметана врз основа на планираната РПА и планираното движење на сопствените
    средства на Банката за 2021 година”.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП