Познатиот „Supperclub“ бренд, познат по виното, вечерите и културата, сега ги отвори своите врати и за елитата на Дубаи…
Се наоѓа во моќниот отомански инспириран „Jumeirah Zabeel Saray“ на „Palm Jumeirah“, а овој холандски ланец му ветува на Дубаи дека ќе ги исполни сите очекувања и ќе ги стимулира сите сетила, што е инаку нивна филозофија, во комбинација со аурата на арапскиот луксуз со седум ѕвездички кој владее во овој град.
Драматичниот простор на два ката е дизајниран од страна на наградуваната компанија „Concrete Architectural Associates“, и ги претставува ентериерите кои се минималистички шик, со уметноста како главен фактор и заштитен знак.
„Supperclub Dubai“ се состои од шест трпезарии и простор за забава во кои ќе можат да уживаат луѓето од арапските земји. Креиран е како простор за познати музичари, писатели и уметници. Во „Supperclub“ ќе се прикажуваат едни од најдобрите интернационлани точки, како и перформансите на најпознатите светски диџеи.