18 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕДоволно е само да ги погледнете вашите стапала и да откриете дали...

Доволно е само да ги погледнете вашите стапала и да откриете дали имате некаков здравствен проблем

Стапалата може да откријат неколку скриени здравствени проблеми, како псоријаза или проблеми со срцето. Затоа, посветете им внимание!

1. Надуени зглобови

Кога ќе ви се надујат зглобовите и забележувате дека листот ви е речиси поврзан со стапалото, тоа може да биде знак дека дошло до појава на едем. Едемот претставува абнормално насобирање на течности поради што едематозните ткива и органи стануваат влажни и набабруваат. Отокот може да исчезне самиот од себе, но ако состојбата се повторува, би требало да побарате лекарска помош.

2. Промени на ноктите

Неправилностите како што се вдлабнувањата на ноктите може да бидат знак за псоријаза. Ако се појави тој проблем со кожата, важно е таа секогаш да биде хидрирана и заштитена однадвор, а постојат и бројни креми и мелеми кои можат значително да помогнат во ваква состојба.

3. Исклучително суви стапала

Можно е оваа појава да е последица на употребата на сапуни кои ја сушат кожата, а може да се работи и за лоша циркулација која е резултат на болест на артериите. Бидејќи што при ваква состојба се зголемува ризикот од срцев удар, важно е на време да се преземат неопходни чекори за превенција.

4. Грчеви во стапалата

Ако често се соочувате со грчеви во стапалата, можно е да имате недостаток на магнезиум, калциум или калиум. Можеби треба да пиете и повеќе вода. Консумирајте и зеленчук кој е богат со минерали, а може да употребувате и суплементи.

5. Ладни стапала

Ако стапалата ви се секогаш ладни, тоа може да биде знак дека тироидната жлезда не работи како што треба и дека не произведува доволно хормони кои се неопходни за правилна работа на организмот. Добро затоплете се и носете соодветни чорапи, а ако не забележите подобрување, консултирајте се со лекар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП