25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Tencent“ бара помирување со регулаторите, откако профит на престана да расте

„Tencent“ бара помирување со регулаторите, откако профит на престана да расте

Пенс Ма, извршениот директор на „Tencent Holdings“, ја истакна неговата желба да работи со регулаторите со оглед на нивната зголемена контрола врз влијателните кинески технолошки компании. Ова го објави откако компанијата објави силен раст во бизнисот со мобилни игри и плаќањата, што му помогна на „Tencent“ во неговата најпрофитабилна година досега.

Пораката на Пони Ма за време на презентацијата на финансиските резултати доаѓа во време на поголемите антимонополски напори на Пекинг против кинескиот технолошки сектор, во кој голем број компании собраа огромни количини на податоци за потрошувачите.

Овој месец „Tencent“ беше меѓу некои од компаниите кои беа казнети од страна на регулаторите за монопол за несоодветно објавување на претходните аквизиции. Во меѓувреме, антимонополската комисија на Државниот совет собира информации од минатата година за услугата за плаќање преку Интернет „WeChatPay“ на „Tencent“ (како и „Alipay“ на „Ant Group“) заради нејзината доминација на кинескиот пазар, велат извори запознати со ова прашање.

„Ние работиме тесно со владата и регулаторите за да ги спроведеме барањата“, рече Ма во одговор на прашањето за постапувањето на антимонополските власти.

Овој месец, Ма се состана со претставници на Државната управа за регулирање на пазарот и тој самиот побара да се сретне со нив, додаваат изворите, кои сакале да останат анонимни. Претседателот на „Tencent“, Мартин Лау, коментира дека состанокот бил доброволен и вообичаен дел од деловната активност.

Државната управа за регулирање на пазарот и антимонополската комисија на Државниот совет не одговорија на барањата за коментар.

Во исто време, расте загриженоста на инвеститорите во врска со заострувањето на регулативата од страна на кинеските власти, кои сакаат да ја запрат брзо растечката индустрија на Интернет во земјата. Антимонополските регулатори го испитуваат гигантот за трговија преку Интернет, „Alibaba Group Holding“, а „Tencent“ е казнет за аквизициите.

Сепак, како и многу други технолошки гиганти, „Tencent“ има корист од минатата година во која пандемијата на коронавирусот ги принуди домашните корисници да се свртат кон производи и услуги на Интернет.

Најголемата компанија за видео игри во светот оствари приход од 482,06 милијарди јуани или 73,88 милиони долари во 2020-та година. Ова е раст од 28% во однос на претходната година. Нето годишната добивка е 159,85 милијарди јуани, што е за 71% повеќе.

Нето добивката за кварталот што заврши на крајот на декември скокна скоро три пати, на рекордни 59,30 милијарди јуани по зголемувањето на проценката на компаниите во кои инвестираше „Tencent“. Приходите беа за 26% повисоки, достигнувајќи 133,67 милијарди јуани. Двата индикатори успеаја да ги надминат очекувањата на аналитичарите.

Бизнисот со мобилни игри доживеа бум за време на пандемијата, а приходите на Интернет игри на „Tencent“ пораснаа за 29% на годишно ниво во четвртиот квартал.

Приходите од финансиски технологии и деловни услуги се зголемија за 29 проценти во текот на кварталот.

Присуството на „Tencent“ во трговијата преку Интернет исто така порасна. Компанијата соопшти дека приходите од рекламирање за извештајниот период скокнале за 22% на годишно ниво, делумно поради зголемената побарувачка за платформи за продажба преку Интернет и производи за широка потрошувачка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП