21 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈА„OnePlus Watch“ е првиот паметен часовник на компанијата по цена од 159...

„OnePlus Watch“ е првиот паметен часовник на компанијата по цена од 159 евра

После неколку години чекање, „OnePlus“ конечно и официјално го претстави својот прв паметен часовник – „OnePlus Watch“. Часовникот има елегантен дизајн од нерѓосувачки челик и 1,39-инчен „OLED“ дисплеј со 326 ppi.

Паметниот часовник доаѓа во големина од 46 милиметри и има стакло од сафир како заштита. Десно од рамката има две рачни контролни копчиња.

„OnePlus Watch“ нуди следење на повеќе од 110 спортски активности, вклучително и пливање. Тоа значи дека доаѓа со водоотпорниот сертификат „5ATM + IP68“. Исто така постои и стандарден сет на алатки за следење на работата на срцето, мерење на сатурацијата на кислород во крвта и следење на спиењето и стресот.

Кога станува збор за опциите за поврзување, „OnePlus Watch“ има вградени „Wi-Fi“, „Bluetooth“ и „GPS“. Исто така, достапни се 1 GB RAM и 4 GB простор за складирање (од кои 2 GB е на располагање на корисникот), додека софтверот „RTOS“ со „OnePlus Watch OS“ е задолжен за софтверска поддршка. Можно е да комуницирате со известувања, да примате и да остварувате повици и да контролирате музика преку паметениот часовник.

„OnePlus Watch“ пристигнува во сребрена и црна боја, по малопродажна цена од 159 евра. Првата продажба започнува на 14-ти април.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП