28 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАДали ја знаете цената на користењето на Instagram и Facebook? Објавени се...

Дали ја знаете цената на користењето на Instagram и Facebook? Објавени се податоци што можат да ги загрижат корисниците на овие мрежи

Анализа на податоците од App Store покажа неверојатна количина на податоци што Instagram ги собира од корисниците и ги споделува со трети страни.

Иако сите сме добро свесни колку апликации преку Интернет го следат секој наш потег, благодарение на промените што ги воведе Apple во својата App Store, сега за нас е многу појасно кој и колку нè следи.

Имено, со воведувањето на опцијата „Приватност на апликацијата“, сите апликации што им се достапни на корисниците во продавницата на Apple, мора да ги наведат сите податоци што ги користат за следење и за што се користат тие податоци – пр. Рекламирање на трети страни, рекламирање на развивачи, анализа, персонализација на производ, функционалност на апликацијата, итн.

Врз основа на овие податоци, pCloud ги истражуваше апликациите и нивната приватност и објави список на најинвазивни апликации, односно оние што споделуваат најмногу собрани лични податоци со трети страни.

Веројатно нема да бидете изненадени да прочитате дека двете апликации што собираат најмногу податоци се Instagram и Facebook. Инстаграм на тој начин споделува дури 79 проценти од информациите за личните податоци на корисниците, а списокот на податоци што се собираат, користат и споделуваат е навистина голем. Покрај личните информации, е-поштата, телефонскиот број, уредот и корисничкиот ID, оваа листа вклучува историја на купувања, финансиски информации, локација, телефонски броеви, фотографии и видеа, историја на прелистување, историја на пребарување и многу други информации.

Во споредба со Инстаграм, Фејсбук не изгледа толку лошо и споделува „само“ 57 проценти од корисничките податоци со трети страни. Меѓу првите 10 апликации што собираат најмногу податоци и ги споделуваат со трети лица, има и такви што не се користат кај нас, но исто така има и неколку популарни. Меѓу најлошите се LinkedIn и Uber Eats, кои споделуваат 50 проценти од податоците, следени од Trainline и YouTube и YouTube Music (двете апликации споделуваат 43 проценти од податоците), а Deliveroo, Duolingo и eBay се на последните три места.

Од попознатите апликации, треба да се спомене и ТикТок на 11-то место (36 проценти), проследено со Snapchat и Spotify кои споделуваат 29 проценти од податоците собрани со трети страни.

Што се однесува до најбезбедните апликации, односно оние кои воопшто не споделуваат кориснички податоци со трети лица, наведени се голем број на добро познати апликации како што се Netflix, Microsoft Teams, Skype, Signal, Telegram, Zoom и други.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП