10 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАКупувачите се најзадоволни со овие телефони

Купувачите се најзадоволни со овие телефони

sams

Истражувањето кое го објави Американскиот индекс за задоволство на купувачите (ACSI) откри дека двата телефони на „Samsung“ – „Galaxy SIII“ и „Note II“ се омилени кај потрошувачите.

„ACSI“ на секој телефон му даваа одреден број на бодови (oд 0 дo 100), а двата телефони на јужнокорејскиот производител добија по 84 поени, додека „iPhone 5“ и „iPhone 4S“ добија по 82 поени.

Меѓутоа во истражувањето не учествуваше моделот „Galaxy S4“, поради тоа што истражувањето започна пред неговото претставување.

„ACSI“ интервјуираше 4.112 сопственици на телефони во Америка кои даваа своја оценка за телефонот кој го поседуваат, а како и кога е во прашање генералното искуство на користење и чуството на квалитет.

Новите резултати се различни од оние од минатата година кога „iPhone“ го зазеде првото место со 83 поена, а тогаш „Samsung“ беше втор со 71 поен, а третото место му припадна на „BlackBerry“ со 69 поени.

Оваа година моделите на „BlackBerry“ – „Curve“ и „Bold“ добија 67 и 64 поени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП