20 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈА„Huawei“ ќе и им наплаќа „Apple“ или „Samsung“ за користење на 5G...

„Huawei“ ќе и им наплаќа „Apple“ или „Samsung“ за користење на 5G патентите

„Huawei“ планира да им наплати на големите производители на телефони, како што се „Apple“ или „Samsung“, такса за користење на 5G патенти. Кинеската компанија посочува дека ќе наплати разумни 2,5 долари по уред за лиценцирање на својата колекција на 5G патенти.

На овој начин, „Huawei“ сака да врати некои од загубите што ги имаше по одлуката на американската администрација да и забрани на компанијата да соработува и да прави деловни активности со американски компании и да ја ограничи можноста за продажба на производите на „Huawei“ на американскиот пазар.

Надоместокот, кој „Huawei“ планира да им го наплати на производителите, е помал од оној што во моментов „Nokia“ и „Ericsson“ го бараат за пристапат до нивните 5G технологии. Исто така, ова е значително помалку од 7,5 долари по уред, како што претходно бараше „Apple“ од „Qualcomm“, што доведе до тоа двете компании да завршат на суд.

„Huawei“ предвидува дека оваа стратегија треба да и помогне на компанијата да генерира околу 1,3 милијарди долари дополнителни приходи за периодот од 2019-та до крајот на 2021-ва година.

Според извештаите, околу 18,3% од семејството на 5G патенти на „Huawei“ се предвидува да припаѓаат на категоријата „Standard Essential Patent“. Како што сугерира името, овие патенти се клучни за стандардите за безжично вмрежување, како што се 5G и LTE. Во многу случаи, производителите на телефони не можат да создадат телефон кој обезбедува пристап до тие мрежи без претходно да лиценцираат некои од тие патенти. Интересно, „Huawei“ има најголем број на 5G SEP патенти во светот.

„Samsung“ и „Apple“ ќе бидат најголемиот извор на приходи на „Huawei“ од патентни такси, барем на краток рок. Двете компании во моментов се водечки светски производители на телефони и обете издадоа телефони со фокус на 5G технологиите во изминатата година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП