21 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕВнимавајте, се што е претерано е штетно!

Внимавајте, се што е претерано е штетно!

Постојано слушаме совети кои ни укажуваат како поквалитетно да го живееме животот, слушаме како рацете се најчисти кога ги миеме со антибактериски сапун, како е добро да спиеме повеќе часови, да го избегнуваме сонцето, да вежбаме нон стоп, да јадеме само здрава и органска храна и др… Но, верувајте дека се што е претерано е штетно, и се што правиме со цел да го подобриме нашето здравје треба да биде умерено.

Антибактериски сапуни

Антибактериските сапуни се добри за одржување на хигиената додека сте некаде на пат, на пример, но доколку ги користите постојано ќе ги уништите и добрите бактерии. За одржување на хигиената доволно е да ги миете рацете со обичен сапун и вода и тоа во времетраење од само 20 секунди.

Спиење

Во просек на секој човек му се потребни осум часа сон. Ако редовно спиете помалку или пак повеќе од 9 часа, не си правите добро. Луѓето не се создадени така да може оптимално да функционираат и размислуваат со премногу или премалку сон. Освен тоа, неурамнотеженото спиење лошо делува на кожата, предизвикува отоци, прејадување, збунетост и депресија.

Избегнување на сонце

На нашето тело му треба витамин Д кој ги одржува коските силни и здрави и кој ја поттикнува работата на имунолошкиот систем. А, за создавање на витамин Д треба да излегуваме на сончева свтелина. Доколку излегувате на сонце помалку од 20 минути, нанесувањето на крема за заштита не е потребно.

Органска храна

Ако на некој производ пишува – органско, тоа не значи дека не е преработено. Внимателно прочитајте ја декларацијата.

На храната не треба да пишува „органско“ за да биде здрава. Држете се до храната која не е преработена или има само неколку додадени состојки и мала количина на шеќер, сол и преработени јагленохидрати.

Вежбање

На нашето тело и ум не им требаат повеќе од 3 до 4 дена кардио/аеробични вежби неделно (секој тренинг од 30 до 45 минути).

Доволно е секоја недела да практикувате тенис, тимски спортови, пливање и едноставни вежби за да останете витки и да ги одржите мускулите силни, можете и само да пешачите. Нема никаква потреба од претерување, освен ако со тоа не се занимавате професионално. Потребно е да знаете дека и врвните спортисти кои постојано се оптоварени со прекумерна количина тренинзи, патат од различни оштетувања на телото.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП