19 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕБилки и зачини со кои ќе ја подобрите меморијата

Билки и зачини со кои ќе ја подобрите меморијата

Рузмарин – Антиинфламаторните и антиоксидантните својства во рузмаринот се „справуваат со штетите”, кои ги предизвикуваат слободните радикали на мозокот. Во билката се содржи карнозна киселина, која всушност го штити мозочното ткиво од Алцхајмерова болест, како и од мозочен удар. Освен тоа ароматичните билки и зачини го подобруваат функционирањето на мозочните клетки и ги штити од оштетување.

Оригано – овој зачин успева да ги неутрализира слободните радикали, а соединенијата во него всушност го подобруваат нивото на концентрација и го намалуваат чувството на анксиозност.

Мајчина душица – маслата кои се содржат во неа, го зголемуваат нивото на омега-3 масните киселини и докозахексаеновата киселина (DHA). Од своја страна, пак, омега-3 масните киселини ја подобруваат меморијата, а докозахексаеновата киселина обезбедува нормална функција на мозочните клетки.

Босилек – тој го намалува оштетувањето на мозокот, како и хормоните на стресот, ја подобрува значително концентрацијата и меморијата, покажуваат различните студии. Босилокот е билка која е богата со антиоксиданси и камфор.

Каранфилче – делува како стимуланс на меморијата и има антиоксидантно, аналгетско и антисептичко својство. Карамфиловото масло го ублажува стресот и ја стимулира мозочната активност.

Куркума – куркуминот кој се содржи во зачинот, помага при Алцхајмеровата болест, и го намалува ризикот од болеста. Освен тоа куркумата го штити мозокот од оштетување и ја подобрува меморијата.

Морско оревче – тоа пак ја стимулира активноста на мозокот преку соединението кое се нарекува миристицин. Истото помага за подобрање на концентрацијата и го намалува стресот.

Градинарски чај – оваа билка и зачин ја подобрува мозочната активност и ја зголемува меморијата бидејќи го спречува разградувањето на невротрансмитерот ацетилхолин кој всушност е одговорен за добрата меморија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП