ЕКОНОМИЈА

Почнува Светскиот економски форум во Давос

ekonomskiforum

Во Давос денеска почнува Светскиот економски форум посветен на стимулирачките мерки за излез на светската економија од кризата.

Четворицата европски лидери – рускиот премиер Дмитриј Медведев, британскиот премиер Дејвид Камерон, германската канцеларка Ангела Меркел и италијанскиот премиер Марио Монти ќе имаат свое обраќање на тема економското заздравување.

Меѓу учесниците на Форумот се и генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки-мун, претседателот на Свестката банка Џим Јон Ким, генералниот директор на Меѓународниот монетарен фонд Кристин Лагард и претседателот на Европската централна банка Марио Драги.

На Форумот во Давос ќе се разговара и за кризата во еврозоната и за иднината на Европската унија.

Во Давос ќе се разговара и за состојбите на Блискиот Исток.

Светскиот економски форум ќе трае до 27 јануари.