15 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Adidas“ има за цел 10% годишен раст на продажбата до 2025-та

„Adidas“ има за цел 10% годишен раст на продажбата до 2025-та

Концернот за спортска опрема „Adidas AG“ има за цел 10% годишен раст на продажбата до 2025-та година, откако се повеќе се потпира на е-трговија и одржливите материјали.

Компанијата предвидува скок на продажбата преку Интернет и производство на спортска облека и обувки од рециклирани материјали, што ќе помогне да се зголеми профитот за 18% годишно. „Adidas“ исто така очекува раст од околу 15% на продажбата на производи за жени. Акциите на компанијата денес се зголемија за 8,6% на берзата во Франкфурт.

Новата петгодишна стратегија на „Adidas“ е прва под водство на извршниот директор Каспер Рорстет, пренесува „Bloomberg“.

Минатата година, „Adidas“ беше критикувана откако доби државен финансиски пакет за справување со кризата со коронавирусот. Проблемите продолжија откако директорот за човечки ресурси си замина по обвинувањата поврзани со различноста на вработените во компанијата.

Новиот план е поамбициозен за компанијата до 2020-та година, кој имаше за цел едноцифрен раст на годишната продажба. „Adidas“ успеа да ја постигне оваа цел во 2018-та и 2019-та година, но приходите паднаа за 16% минатата година поради пандемијата.

Цената на акциите на „Adidas“ е сè уште под својот пик, достигнат во јануари 2020-та година. Акциите на конкурентската компанија „Nike“ се искачија на рекордни нивоа во минатото лето.

За да ги постигне своите сегашни цели, „Adidas“ ќе инвестира повеќе од 1 милијарда евра во дигитални технологии, вклучувајќи 3Д дизајн и рекламирање.

Рорстед вети нова ера на иновации за „Adidas“, за која вели дека полесно ќе се постигне со продажбата на брендот „Reebok“. „Adidas“ не успеа да го оживее „Reebok“ во последните 15 години по купувањето за 3,8 милијарди долари.

Компанијата има намера помалку да се потпре на посредниците, со цел да генерира половина од своите приходи од директна продажба до 2025-та година. Ова вклучува двојно зголемување на продажбата на Интернет до 9 милијарди евра.

Во меѓувреме, „Adidas“ планира одржливо да произведува 9 од секои 10 производи до 2025-та година, што значи дека за нив ќе се користат рециклирани или биоразградливи материјали.

Компанијата објави дека планира да дистрибуира помеѓу 8 и 9 милијарди евра на акционерите преку дивиденда и откуп на акции до 2025-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП