28 март, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕКога еднаш ќе ги подгреете стануваат отровни: 5 намирници со кои не...

Кога еднаш ќе ги подгреете стануваат отровни: 5 намирници со кои не смеете да си играте

Нитратите кои сами по себе се безопасни и се наоѓаат во лиснатиот зеленчук, со подгревањето можат да се претворат во нитрити, а потоа во нитрозамини, за кои е познато дека се канцерогени….

Брзиот живот кој го живееме не ни остава многу време за подготвување на свежи јадења во домот, туку нажалост многу често посегнуваме по инстантн и брзи решенија, меѓу кои е и подгревањето на храната подготвена пред неколку дена.

Но, мора да знаете дека не сите намирници се добри за подгревање, како поради бактериите кои не може да се уништат со подгревање, така и поради протеините чии молекули се разбиваат во текот на повторното загревање.

И додека некои може и да пројдат ваков процес, како гравот, грашакот и различните супи, овие пет намирници не би требало никогаш да ги подгревате!

Пилешко месо

dsc_0496

Пилешкото и останатото месо од живина, како и јајцата, може да биде заразено со салмонела. Тоа може да претставува уште поголем проблем ако јадењето од пилешко го подгревате во микробранова печка, чии бранови не продираат до сите делови на храната, како кога се загрева на шпорет. Подгревањето на пилешкото месо не се препорачува најмногу поради тоа што, за разлика од црвеното месо, тоа има поголема густина на протеините, чии молекули во текот на подгревањето поинаку се разбиваат, што може да доведе до проблеми со желудникот и најразлични дигестивни проблеми, пишува Independent.

Ориз

Најважно нешто во врска со зготвениот ориз е како ќе се складира после подготовката. Ако после готвењето се чува на собна температура, порите на бактериите се множат многу брзо и може да произведат отров кој може да предизвика повраќање и дијареа. Подгревањето на оризот нема да ги елиминира овие отрови, туку само ќе ги влоши. нештата.

Компир

ig1a07_roasted_potatoes

Слично како и со оризот, проблемот со компирот не е во самото подгревање, туку во начинот на складирање после подготовката. Ако компирот се чува на собна температура, а не во фрижидер, се создаваат совршени услови за развој на бактеријата clostridium botulinum, особено ако компирот е завиткан во фолија и нема допир со кислород. Подгревањето на компирот нема да ја елиминира оваа опасна бактерија која може да предизвика ботулизам, опасна инфекција која во најлош случај ги парализира мозочните нерви и остава тешки последици.

Спанаќ и останат лиснат зеленчук

Спанаќот и останатиот лиснат зеленчук, во зависност од тоа каде се одгледува, содржи доста нитрати, коишто самите по себе се безопасни, но со загревање се претвораат во нитрити, а потоа во нитрозамини, за кои е познато дека се канцерогени. Може да влијаат на способноста на крвотокот да пренесува кислород до органите, а кај малите деца може да доведе до состојба позната како „синдром на сино бебе“, којшто настанува поради проблеми со респираторниот систем.

Печурки

534-champinones-asados-con-verduras-xl-668x400x80xX

Печурките содржат протеини кои ензимите и микроорганизмите многу лесно може да ги разбијат. Доколку не се складираат добро, печурките многу брзо може да пропаднат и да доведат до желудечни проблеми после подгревањето. Се препорачува во фрижидер да не стојат подолго од 24 часа, а потребно е да бидат загреани исклучиво на температура над 70 степени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП