9 декември, 2024
ПочетнаКОМПАНИИCyprus Airways пред банкрот

Cyprus Airways пред банкрот

Cyprus_Airways

На најголемата кипарска авиокомпанија „Cyprus Airways“ под итно и требаат 17 милиони евра, за да ги обезбеди летовите на авионите и да избегне банкрот, пишува весникот „Сандеј тајмс“.

Европската комисија бара од Кипар план за реструктуирање на авиокомпанијата како еден од условите за одобрување на новата програма за доделување на помош, посочува весникот. Минатата година „Cyprus Airways“ регистрирала загуби во износ од 55.8 милиони евра, откако добиле помош од 73 милиони евра од кипарската влада истата година. На таа сума се додадени уште 31.3 милиони евра кои ги добија во јануари оваа година.

Во мај минатата година Европската комисија започна истрага за евентуално прекршување од страна на кипарската влада на правилата на ЕУ во однос на државната помош и субвенции за авиокомпанијата.

Ако Европската комисија ја блокира новата помош за „Cyprus Airways“, тогаш авиокомпанијата ќе банкротира, пишува изданието. Сега владата контролира 95 проценти од акциите на „Cyprus Airways“.

Во мај оваа година Владата и синдикатите постигнаа договор за реструктуирање на компанијата со цел таа да биде спасена. Според договорените услови без работа ќе останат околу половина од вработените на компанијата или  420 лица, а на останатите ќе им бидат намалени платите. Околу 70 вработени на компанијата се согласија да ја напуштат доброволно. Флота исто така беше намалена, а некои летови до грчките острови беа прекинати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП