29 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИАлкалоид АД Скопје ќе исплаќа дивиденда од 360 денари нето по акција

Алкалоид АД Скопје ќе исплаќа дивиденда од 360 денари нето по акција

Управниот одбор на Алкалоид АД Скопје на седницата одржана на ден 04.03.2021 година донесе Предлог-Одлука со која му предлага на Собранието на акционери исплата на дивиденда за 2020 година во износ од 400,00 денари бруто, односно 360,00 денари нето по акција, што во однос на исплатената дивиденда по акција за претходната година од 360,00 денари бруто, односно 324,00 денари нето е поголема за 11% на нето основа”, се вели во соопштението на компанијата објавено на официјалниот сај на Македонската берза.

Последен датум на тргување со право на дивиденда за 2020 година е 20.04.2021 година.

Прв датум на тргување без право на дивиденда за 2020 година е 21.04.2021 година.

Датум на стекнување на право на дивиденда за 2020 година е 22.04.2021 година.

Исплата на дивидендата за 2020 година ќе започне од 19.05.2021 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП