18 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАНовиот паметен часовник на „Motorola“ ќе ја користи платформата „Snapdragon Wear 4100“

Новиот паметен часовник на „Motorola“ ќе ја користи платформата „Snapdragon Wear 4100“

Минатата недела се појавија извештаи дека „Motorola“ ќе претстави нов паметен часовник „Moto G“, кој ќе ја користи платформата „Google Wear OS“.

Објавени се и неколку рендери кои го прикажуваат часовникот со проsирен заден дел. Темата на „Reddit“ сега сугерира дека во текстот напишан на задната страна се споменува „Snapdragon Wear 4100“, што укажува на чипсет на „Qualcomm“ кој ќе го напојува телефонот.

Засега нема информации кога „Motorola“ планира да го претстави новиот паметен часовник. Тој се очекува да биде наследник на моделот „Moto 360“, објавен во 2019-та година. Тој модел е произведен од партнерот на „Motorola“, „eBuyNow“, но го користеше логото на „Moto“.

Платформата „Snapdragon Wear 4100“ е значително поефикасна и троши помалку во споредба со платформата „Snapdragon 3100 Wear“. Кога станува збор за „Wear OS“, софтверот се очекува да претрпи голем редизајн, а ажурирање се очекува во одреден момент во текот на оваа година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП