10 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИРостелеком отпушта 6.000 работници

Ростелеком отпушта 6.000 работници

rostelekom1

Руската телекомуникациска компанија „Ростелеком“ оваа година ќе отпушти 6.000 работници, се наведува во соопштението од компанијата.

Отпуштањата можат да продолжат и во текот на наредната година, бидејќи во документите на „Ростелеком“ е потпишан план за примена на искуството на „Сбербанк“ во областа на оптимизацијата на корпоративните процеси.

„Сбербанк“ во 2008 година усвои нова стратегија во чии рамки го намали бројот на вработени од 257,250 на 231,740 до јули 2012 година, а до средината на 2014 година бројот на вработени ќе се намали на 210,000 што ќе биде намалување од вкупно 18,4 проценти од работната сила.

Намалувањето на бројот на вработени на „Ростелеком“ ќе му помогне да ги подобри деловните резултати, особено приходите по вработен, сметаат аналитичарите. Во моментов еден работник на компанијата и носи околу 1,8 милиони рубљи (41,300 евра). Истовремено, кај другите оператори тоа е повеќе – во „МТС“ 13,3 милиони рубљи, „Вимпелком“ 11,3 милиони а во „Магафон“ 10,1 милион рубљи.

„Ростелеком“ е државен оператот, кој овозможува услуги од фиксната телефонија за 27,1 милион граѓани, 13,6 милиони од мобилната телефонија, широкопојасен интернер за повеќе од девет милиони претплатници и кабловска телевизија за повеќе од шест милиони претплатници.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП