19 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИМакпетрол со намалени приходи и добивка за 2020 година

Макпетрол со намалени приходи и добивка за 2020 година

Во периодот 01.01-31.12.2020 „Макпетрол“ АД – Скопје оствари вкупен приход во износ од 16,76 милијарди денари, кој е помал од минатогодишниот за 6,14 милијарди денари, односно остварен е пад од 26,82%.

Во структурата на приходите, најголем удел со 98,8% имаат приходите од продажба, од коишто 97,0% од приходите се остварени со продажба на домашниот пазар, а само 1,8% приходи се остварени со продажба на странски пазар.

Во истиот период, остварени се вкупни расходи во висина од 16,38 милијарди денари што претставува намалување во однос на минатата година за 5,55 милијарди денари или за 25,32%.

На крајот на овој период, Друштвото оствари позитивни финансиски резултати искажани преку добивка пред оданочување во износ од 381,05 милиони денари која е помала за 60,70%, односно, помала за приближно 2,5 пати од остварената добивка минатата година кога изнесуваше 969,53 милион денари.

Како основна причина за намалување на остварените приходи и добивката, од компанијата ја посочуваат епидемијата, односно пандемијата предизвикана од заразата со вирусот Ковид–19.

Финанскискиот резултат можете да го погледнете тука.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП