26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Telefonica“ останува претпазлива во оваа година

„Telefonica“ останува претпазлива во оваа година

Ковид-кризата во 2020-та година беше причина за сериозен пад во извештајот на шпанската телекомуникациска група „Telefonica“ – со последици за тековната година. Затоа, компанијата очекува само да ги „стабилизира“ приходите и оперативната добивка за 2021-ва година, како што објави „Telefonica“.

Очекувањата се значително попретпазливи од прогнозата на подружницата „Telefonica Deutschland“, која ги претстави своите резултати за изминатата финансиска година претходниот ден.

Дивидендата, исто така, не изгледа розова, „Telefonica“ има намера да ја намали својата дивиденда за тековната година за една четвртина на 0,30 евра – првото намалување од 2016-та година. Овој потег има за цел да помогне во намалувањето на огромниот долг на компанијата и да собере пари потребни за проширување на инфраструктурата.

Во 2020-та година, работите се одвиваа помалку глатко за шпанската група, бидејќи пандемијата и неповолните девизни курсеви, особено во Латинска Америка, влијаеја на бизнисот. Во споредба со претходната година, приходите паднаа за 11 проценти на 43 милијарди евра, а оперативната добивка прилагодена на еднократните ефекти, исто така, падна за 11 проценти на 13,5 милијарди евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП