26 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕУрнебесно: Берни Сандерс и Тед Круз на првите фотографии испратени од роверот...

Урнебесно: Берни Сандерс и Тед Круз на првите фотографии испратени од роверот на Марс

Не требаше долго да се чека по историското слетување на роверот Perseverance на НАСА, во кратерот на езеро на Марс, за корисниците на социјалните мрежи да си поиграат со првите фотографии кои роверот ги испрати од Црвената планета.

“Поздрав свету. Ова е мојот прв поглед на мојот нов вечен дом”, стои во објавата на Твитер профилот на роверот Perseverance, веднаш по успешното слетување на Марс во четвртокот и седуммесечното патување.

Сепак, тоа ги инспирираше корисниците на Твитер на сосема поинаков начин. Како? Па, токму кога малку заборавивме на мемефицираниот Берни Сандерс кој седеше во плетени ракавици на столица каде и да лута човечката фантазија, првите фотографии од Марс беа всушност покана за Берни да направи нов меме камбек, но од Марс.

Покрај Сандерс, корисниците на Твитер го потсетија и републиканскиот сенатор Тед Круз. Круз беше забележан како фаќа авион за Мексико порано во четвртокот на малку релаксација во мексиканското туристичко одморалиште, додека Тексас се бори со последиците од прекинот на електричната енергија предизвикана од неодамнешната смртоносна зимска бура.

Твитовите не треба да се објаснуваат премногу, само погледнете подоле.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП