Извештајот од тајванскиот „DigiTimes“ сугерира дека „Apple“ ја ангажирала компанијата „LG Display“ за развој на флексибилен панел за идниот „iPhone“.
Според извори од индустријата, одделот на „LG“ одговорен за развој и производство на дисплеј панели за „Apple“ работи на прототип на овој екран. Сè уште не е потврдено дали идните модели на „iPhone“ ќе користат флексибилен екран произведен од „LG“ или компанијата од Купертино ќе ангажира други производители откако ќе се финализира дизајнот.

