27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТони Блер: Напуштањето на ЕУ значи пропаст

Тони Блер: Напуштањето на ЕУ значи пропаст

Тони Блер смета дека одлуката на Велика Британија да се дистанцира од врвот на ЕУ ќе значи катастрофа за британската економија и за нејзиното влијание во светот.

Поранешниот британски премиер ќе го изнесе својот став јавно оваа недела, во обид „пред да стане доцна“ да го стопира растечкиот евроскептицизам, пишува „Гардијан“.

Се погласни се зборувањата дека Британија постепено ќе се исклучи од највисоките европски текови, а како еден од сигналите се толкува и остриот став на тврдокорниот премиер Дејвид Камерон за буџетот на ЕУ.

Со поддршка од Германија, Шведска и Холандија, Британците го отфрлија предлогот за буџетот на унијата, со инсистирање за „замрзнување“, а не за „трошење“.

Како што пишува дневниот весник, растечкиот анти-ЕУ став во јавноста и негативниот однос на бирачите кон ЕУ ги загрижиле бизнис лидерите во Британија.

Блер, човекот кој, според некои проценки, сеуште сака висока позиција во ЕУ, ќе се обиде да ја искористи ситуацијата и да побара помош од бизнисмените за борбата против евроскептицизмот.

Говорејќи пред лидерите од форумот „Бизнис за Нова Европа“, Блер во среда ќе каже дека Кина, Индија, Бразил и Русија стануваат се посилни конкуренти, и дека во „глобалната економска игра за моќта, местото во ЕУ никогаш не било позначајно“.

Блер ќе наведе дека задачата на Европската унија е да го промовира „големиот план“ и да испрати порака до членките дека „фаќањето во замка“ со растечките економски сили е најдобро за обединетите позиции.

„Тој ќе укаже на тоа дека 47 проценти од британскиот извоз оди во ЕУ, и дека половина од странските инвестиции доаѓаат од ЕУ“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП