„Google“ долго време се обидува да навлезе и во автомобилската индустрија, а притоа поддржувајќи различни компании како „Audi“ и „Mercedes-Benz“, во обид за развивање на различни системи за беспилотно возење.
Токму поради овие случувања германскиот гигант неодамна го претстави својот “виртуелен возач”, кој ќе може да се најде во моделите „S-Class“ од новата генерација.
Ова е автомобил кој според производителите може сам да се пробива низ директни правци во метеж или да вози со 120MPH по автопатот во соодветни услови. Може сам да паркира, да застане за да избегне инцидент и дури го да известува возачот кога е подобро да запре, бидејќи е премногу уморен за да вози.
Од Мерцедес го споредуваат овој модел со авионскиот авто-пилот. Ова е само почеток производителите да планираат развој на автомобил кој е доволно паметен за да го менува правецот без никаква интервенција. Иако се уште сме далеку од тоа да видиме автомобил кој може сам да се вози, тогаш потегот на производителите од Мерцедес, кој тие го прават со својот нов автомобил и нов систем, се навистина импресивни и доста ветувачки.