19 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕШирока само 168 см: Најтесната куќа во Лондон се продава за 950...

Широка само 168 см: Најтесната куќа во Лондон се продава за 950 илјади фунти

Оригиналната куќа и мета на креативците се наоѓа во западниот дел од Лондон, во „сендвич“ помеѓу стоматолошка ординација и фризерски салон.

Куќа во Лондон, на одредени места широка само 168 сантиметри, се продава по цена од приближно 950 илјади фунти. Уникатната зграда која не зафаќа премногу простор се наоѓа во западниот дел од градот, во „сендвич“ помеѓу лекарската ординација и фризерскиот салон. Освен што е најтенка во Лондон, се претпоставува дека е најтенка и во Англија.

Британската слаба куќа во времето на Викторија беше продавница за шешири, изградена кон крајот на 19 век. Меѓу претходните сопственици се истакнува модниот фотограф Јирген Телер, кој ја претвори од продавница во дом, а таму живееше и актерот Сајмон Вудс.

Во огласот стои: „На продажба е единствена, убава, стилски украсена и веројатно најмалата куќа во Англија, што е многу повеќе од дом“, а агентот за недвижнини Дејвид Мајерс смета дека куќата е идеална за креативци како дизајнери, фотографи или луѓе од медиумите, кои не сакаат обични недвижнини, но се стремат кон нешто пооригинално и ексцентрично.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП