5 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАHP претстави нов Android таблет

HP претстави нов Android таблет

HP_hybrid_devices

HP продолжува да ја развива својата палета на „Android“ уреди. Компанијата веќе започна со продажбата на „SlateBook x2“, кој претставува комбинација од таблет и лаптоп со класична тастатура.

Производителот го одредува уредот како „персонален компјутер“, иако користи мобилен оперативен систем. Во случајот тоа е „Android 4.2 Jelly Bean“.

Екранот на „SlateBook x2“ е 10.1-инчен со резолуција 1920х1200 пиксели и 224 ppi. Пресметките се вршат од платформата „Nvidia Tegra 4“ со нејзиниот 4-core процесор, кон кој се додадени и 2GB RAM меморија.

За складирање на податоци корисникот има 16GB SATA SSD. Меѓу останатите спецификации на таблетот се „WiFi“, „Bluetooth“, две камери и друго. Вградената батерија е 2.55Ah, а за тастатурата има дополнителна батерија исто така од 2.55Ah.

Дополнителната тастатура ќе доаѓа во комплет заедно со „SlateBook x2“. Врската помеѓу двете компоненти ќе се обезбедува со магнети. Цената на овој уред е околу 480 долари во зависност од регионот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП