11 октомври, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈА„Huawei“ работи на гејминг конзола, но прво ќе издаде гејмерски лаптоп

„Huawei“ работи на гејминг конзола, но прво ќе издаде гејмерски лаптоп

Гласините сугерираат дека „Huawei“ планира да влезе на пазарот на хардвер за игри. Компанијата прво ќе започне со мал гејмерски лаптоп, кој се очекува да биде објавен кон крајот на оваа година.

По лаптопот, се очекува уште поинтересна најава – гејмерска конзола која ќе им конкурира на „Sony PlayStation“ и „Microsoft Xbox“. Нема детали за каква платформа ќе станува збор, но се очекува таа да не се базира на „ARM“, како „Nintendo Switch“.

Можно е конзолата на „Huawei“ да користи „AMD APU“ сличен на оној на тековните модели на „PlayStation“ и „Xbox“. Сепак, „Huawei“ исто така може да испроба нешто со свој дизајн (како чипот „HiSilicon Kunpeng 920“, базиран на архитектурата на „ARM“).

Минатата година, „Huawei“ го објави „GameCenter“ – центар за игри. Услугата го користи „Huawei Media Services“ за „Android“ и содржи голем број игри за „Android“.

Интересно, ова не би била првата конзола на „Huawei“. Компанијата ја издаде конзолата „Tron“ во 2014-та година, со чип „Tegra 4“ и платформата „Android 4.2 Jelly Bean“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП