26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДали сте слушнале за грчкиот Голи Оток: „Ѓаволски остров“ со рајска убавина...

Дали сте слушнале за грчкиот Голи Оток: „Ѓаволски остров“ со рајска убавина (ВИДЕО)

Во Егејското Море, недалеку од Андрос, Тинос и Сирос, се наоѓа островот Јарос – поранешен таен затвор во Грција, кој служел како концентрационен логор во поголемиот дел од втората половина на 20 век.

Неславниот остров, познат и како „Остров на ѓаволот“, се споменуваше во античката историја и митологија, а денес тој е напуштен и забранет за туристите. Сепак, постои можност островот повторно да се отвори како заштитено опкружување за медитеранските фоки, но и за љубителите на нуркањето.

Дека отсекогаш го биел лош глас е доказот дека за време на Римската империја, островот служел како место каде што биле земени сите оние што му се спротивставувале на законот и кои се сметале за „дефект“ на општеството.

Сепак, во поновата историја, тој добива уште пострашна цел. Овде беа затвориени во периодот од 1948 до 1953 година над 10.000 мажи кои беа дел од Грчкото движење на отпорот (ЕАМ) и учествуваа во грчката граѓанска војна од (1945 до 1949 година). Затворот повторно се користел помеѓу 1957 и 1964 година, и повторно од 1967 до 1974 година.

Меѓу познатите грчки затвореници на островот беа Јоанис Хараламбопопулос, кој подоцна беше министер за надворешни работи во Социјалистичката Влада и познатиот грчки поет Јанис Рицос.

Кога структурата конечно почна да се руши и да пропаѓа, затворскиот остров конечно беше напуштен и до 2000 година го користеше само грчката морнарица.

Денес дури и риболов е забранет околу островот, а островот можете да го видите само од воздух или од брегот на некој од блиските острови.

Во 2002 година, грчкиот министер за култура го прогласи Јарос за историски важен и го стави под заштита на државата. Освен историјата, островот е дом на многу видови флора и фауна и е најпознат по медитеранските фоки што живеат тука.

Погледнете го видеото

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП