3 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАFacebook ќе биде уште „подосаден“

Facebook ќе биде уште „подосаден“

facebook2

Доколку актуелните реклами на „Facebook“ ви одат на нерви, подгответе се за нов „непопуларен“ потег на Марк Цукерберг.

Според „Bloomberg“, „Facebook“ до крајот на годината би можел да воведе 15 секунди долги видео реклами кои автоматски ќе се емитуваат на вашиот „newsfeed“.

Реално е да се очекува дека ваквиот потег ќе наиде на негодување кај корисниците, но кога во обзир ќе го земеме фактот дека „Facebook“ на овој начин би можел дневно да заработи и до 2.5 милиони долари, не е тешко да се погоди која одлука ќе ја донесат раководните лица.

Претставникот на „Facebook“ за односи со јавноста одби да ги коментира овие информации.

Сепак треба да се напомене и дека рекламите нема да бидат гласни и претерано „агресивни“, туку тивко ќе се емитуваат трипати на ден.

Во секој случај милијарда и 150 милиони корисници и 669 милиони дневни посети на страницата секако дека ќе бидат привлечни за огласувачите. Цукерберг веќе неколкупати го одложуваше воведувањето на рекламите за ова искуство да биде што попријатно, како за корисниците, така и за огласувачите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП