22 април, 2025
ПочетнаЗДРАВЈЕСтудија: Антителата штитат најмалку половина година од повторна зараза

Студија: Антителата штитат најмалку половина година од повторна зараза

Речиси сите лица заразени со коронавирус развиваат антитела кои ги штитат од повторна инфекција најмалку шест месеци, покажаа резултатите од поголема британска студија, па научниците се надеваат дека бројот на повторно инфицирани ќе биде помал.

Организацијата „Биобанк“, која спроведе нова студија, тврди дека резултатите покажуваат дека процентот на луѓе со антитела или серопреваленца постепено се зголемува во Велика Британија, од 6,6 проценти на почетокот на истражувањето во мај и јуни 2020 година и порасна во ноември и декември на 8,8 проценти.

Исто така, беше откриено дека серопреваленцата на САРС-КоВа-2 е најчеста во Лондон каде е 12,4 проценти и најниска во Шкотска – 5,5 проценти.

Научниците велат дека резултатите од студијата, кои ги разгледале нивоата на претходна инфекција со коронавирус низ Велика Британија, како и колку долго биле присутни антитела кај заразени лица, може да покажат дека случаите на повторна инфекција ќе бидат поретки.

„ Огромното мнозинство на заболени имаат антитела кои можат да се детектираат во организмот најмалку шест месеци по инфекцијата со коронавирус“, рече Наоми Ален, професор и главен научник во „Биобанк“, која го спроведе истражувањето.

Тоа покажа дека дури 99% од испитаниците имале антитела три месеци по инфекцијата со коронавирус, а по уште шест месеци, тоа било случај со 88% од нив.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП