17 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИGenerali објави раст на добивката за 74 проценти

Generali објави раст на добивката за 74 проценти

generali

Најголемата италијанска осигурителна компанија „Assicurazioni Generali SpA“, објави раст на профитот во вториот квартал од 74 проценти. Добивката на компанијата изнесува 478 милиони евра за вторите три месеци од 2013-та година во споредба со 274 милиони евра колку што имаа една година порано.

Добивката беше иста и според очекувањата од аналитичарите или во превод тие предвидоа исто 478 милиони евра позитивен резултат. Осигурителната компанија си постави за цел да собере 4 милијарди евра приходи од продажба на средства до 2015-та година, а веќе има постигнато повеќе од 50 проценти од својата цел.

Профитот на компанијата надвор од секторот на осигурување на живот се зголемува за 23 проценти или до 389 милиони евра, откако тие ги намалија трошоците. Оперативната добивка, пак, се зголемила за 1,7 проценти на годишна основа во вториот квартал или до 1.05 милијарди евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП