22 јуни, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕГрадот на иднината: Еден милион жители и само една сообраќајница (ВИДЕО)

Градот на иднината: Еден милион жители и само една сообраќајница (ВИДЕО)

Саудиска Арабија во моментов спроведува нешто што се нарекува Vision 2030, а на основа на тоа е план за модернизација на целата земја преку инвестиции во нови технологии, одржлив развој и енергетска ефикасност.

Оваа „визија“ беше иницирана од саудискиот принц Мохамед бин Салман, познат како прогресивен лидер на оваа земја. Неговиот план, објавен овој месец, е да се изгради целосно нов град за околу милион жители, кој би бил потполно неконвенционален во формата.

“The Line”, како што го нарекуваат, треба да биде изграден во една линија, долга околу 170 километри. Низ градот ќе поминува напредна нова железница, ​​која би била на центарот на метрополата, но и единствена сообраќајница. Најдолгото патување од едниот до другиот крај на овој град би траело само 20 минути, а жителите би можеле да ги задоволат скоро сите свои дневни потреби за шопинг и други содржини во област која би ја покриле со максимум пет минути пешачење во било која насока.

Бидејќи нема да има друг сообраќај, бројот на несреќи ќе биде нула, исто како што би било и со загадување на воздухот. Метрото, исто така би се напојувало од обновливи извори на енергија, би се наоѓало под земја и, се разбира, ќе се управува со помош на вештачка интелигенција.

Инвестиција од 100 до 200 милијарди долари

Овој град со бизарна форма и сосема поинаков изглед од сите претходни нема да остане само на концептот. Саудиска Арабија многу сериозно го сфаќа овој проект и најавува почеток на изградбата веќе оваа година. Тие планираат да инвестираат во него од 100 до 200 милијарди долари, да вработат околу 380 000 луѓе и очекуваат да допринесе околу 48 милијарди долари годишно во нивната економија до 2030 година.

“The Line” треба да биде дел од големата метропола Neom во северозападна Саудиска Арабија, во која владата ќе инвестира до 500 милијарди долари. Како што се очекуваше, овој предлог предизвика големи критики во јавноста. Урбаните планери сметаат дека концептот на град во една линија нема смисла, бидејќи тој непотребно ги продолжува патувањата, што, на пример, во својата конвенционална форма би било значително пократко.

Единствената предност на овој вид урбанистичко планирање, велат критичарите, е тоа што „изгледа како научно-фантастичен филм“, така што би можело да биде привлечно за поединци да живеат на тој начин, со сите чуда на модерната технологија и без автомобили. Дали точно ќе се пронајдат милион од нив, колку што најави принцот, не е сосема сигурно.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП