27 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕСо чајот од коприва против анемија, воспаленија и настинка

Со чајот од коприва против анемија, воспаленија и настинка

Лековитиот чај од коприва е популарен ширум светот бидејќи изобилува со големо количество на витамини, минерали и хлорофил кои го зајакнуваат имунитетот и помагаат во леквањето на разни болести, настинка и воспаленија.

Ако сте подложни на чести настинки и воспаленија, копривата може да ви помoгне дa го зајакнете имунитетот, бидејќи е богата со бакар, витамин Ц, магнезиум, манган и цинк.

Копривата содржи доста железо, поради што се смета за верен борец против анемијата. Таа болест често ги погодува децата, адолесцентите, трудниците и старите лица, а железото е многу тешко да се надомести преку храна. За да не консумирате различни таблети, најдобро да пиете чај од коприва, или пак, семе од коприва да помешате со половина тегла мед и секојдневно по два пати на ден да консумирате од смесата.

Лицата кои се борат со вишок килограми, можат да ја користат копривата која создава чувство на ситост и поволно влијае на регулирањето на телесната тежина. Помага при брзо исфрлање на урина, поради што се смета за природен чистач на организмот.

Мажите можат да имаат голема корист од копривата, бидејќи таа со години се користи за лекување на простатата на природен начин, бидејќи спречува појава на малигни тумори на таа жлезда.

Чајот од коприва е одличен и за лицата кои имаат проблеми со полесната грозница која предизвикува неконролирано чешање, иритација, црвенило на очите и кивавица.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП