8 мај, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕЕксклузивност кога зборуваме за вода

Ексклузивност кога зборуваме за вода

voda1

Водата е еден од најдрагоцените ресурси, незаменлива животна потреба и многу важен елемент за хигиената…

Ексклузивните шишиња со вода се многу ретки. Водата „9OH2O“, е дизајнирана од страна на светски познати сомелиери и подготвена е за најексклузивни цели, како што се ексклузивните подарoци, префинетите вечери, специјалните настани и секако, драгоцените моменти.

voda2

Бидејќи неа ја разви веројатно најискусниот светски познавач на води, Мартин Рис, наречена е „највкусната вода на светот“ од страна на потрошувачите ширум светот.

voda3

Всушност, тоа е кристално чиста вода од врвовите на планина во северна Калифорнија. Спакувана е во специјално стаклено шише во форма на дијамант, многу силно затворена за да се осигура врвната чистота, а финишот е ексклузивен и рачно изработен.

voda4

Оваа „Beverly Hills 9OH2O“ вода неодамна е лансирана од страна на „Beverly Hills Drink Company Inc.“, а пуштена е во продажба во „Luxe Rodeo Drive“ хотелот, во „Monsieur Marcel Gourmet“ маркетите и во уште неколку луксузни продажни места. Достапна е во 10.000 индивидуално нумерирани стаклени шишиња, а секое шише има придружник во форма на ексклузивен уметнички предмет.

voda5

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП