23 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНајстарата зграда во светот што се користи и по 2.000 години (ФОТО)

Најстарата зграда во светот што се користи и по 2.000 години (ФОТО)

Кога посетителите ќе влезат во Пантеон во Рим и ќе се најдат под неговата огромна купола, тие можат да го доживеат скоро истото искуство како гостите кои го посетиле овој импозантен објект пред 2.000 години.

„Секој што ќе зачекори во Пантеон веднаш ја чувствува тежината на човечката историја, но и неверојатната леснотија на човечката креативност. Кога ќе влезете во овој голем простор, погледнете нагоре и ќе го видите небото или облакот што поминува, не можете да престанете да размислувате како луѓето можеа да го сторат тоа пред два милениуми“, изјави Џон Озендорф, поранешниот директор на Американската академија во Рим и професор по архитектура за Би-Би-Си.

Пантеон е најстарата зграда во светот што се користи и ден денес. Зградата е реконструирана околу 125 година по раѓањето на Исус Христос од страна на римскиот император Публије Ели Адријан, и тоа всушност било трето реновирање на зградата. Претходниот Пантеон беше запален околу 80-та година и беше изграден набргу потоа. Сепак, повторно се запалил околу 110 година, кога го погодил гром, па затоа почнале да кружат гласини дека е проколнат.

Пантеон значи „сите богови“ и, иако обично се верува дека зградата била место посветено на римските богови, неговата оригинална намена всушност не е позната.

Со реткото споменување на оваа градба во античките текстови, за историчарите не е сосема јасно за што служел Пантеон. Иако може да претставува храм, историчарот на архитектурата Лин Ланкастер вели дека римските градби биле обично повеќенаменски.

Легендите велат дека ова е токму местото каде што основачот на Рим, Ромул, се качил на небото. Други пак веруваат дека во Пантеон, римскиот император можел да комуницира со боговите.

„Без оглед на различните приказни, импозантната зграда беше секако важен симбол на империјалната моќ“, рече Лука Меркури, сегашниот директор на Пантеон.

Со векови по изградбата на Пантеон, многу архитекти ја копирале неговата внатрешност за да им дадат слична вредност на новите згради, од американскиот Конгрес во Вашингтон до зградата Сомерсет во Лондон.

Иако Пантеон веќе откри некои тајни на неговите дизајнери, денешните архитекти сепак наоѓаат магија во деталите на оваа зграда. Како што одминува денот, сонцето трепери околу внатрешноста на куполата на Пантеон, што изгледа како огромен сончев часовник.

„Тоа е едно од ретките места во светот каде што всушност може да се гледа како Земјата се врти“, рече Ланкастер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП