19 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАМаск се скара со американскиот регулатор: Со вашите правила, човештвото никогаш нема...

Маск се скара со американскиот регулатор: Со вашите правила, човештвото никогаш нема да стигне до Марс

Маск јасно стави до знаење што мисли за FAA, која на крајот одлучува дали и кога неговата компанија SpaceX може да ги тестира и лансира своите ракети.

Компанијата на Маск, SpaceX, ги интензивираше тестовите на ракетата дизајнирана за патувањето на Месечината и Марс во последните месеци. Ракетата “Starship”, која наликува на голем сребрен куршум, досега направи неколку успешни, но и неколку неуспешни тестови и „скокови“.

И токму кога се подготвуваа да направат уште еден тест, кој ќе ја однесе ракетата неколку стотици метри во воздухот, а потоа нежно ќе слета на Земјата, пристигна известување од Федералната агенција за авијација на САД (FAA) за забрана за тестирање „поради безбедносни прашања “.

Ова не му се допадна на Елон Маск кој веднаш се нафрли на FAA и јавно кажа што мисли за нивните правила.

“За разлика од својот оддел за авијација, вселенскиот оддел на FAA има потполно погрешна регулаторна структура”, напиша Маск на Твитер.

Тој додаде дека правилата се дизајнирани само за неколку лансирања секоја година од владини лансирни подлоги.

“Под такви услови, човештвото никогаш нема да стигне до Марс”, напиша Маск.

Покрај тоа што Маск јасно стави до знаење што мисли за FAA, која на крајот одлучува дали и кога неговата компанија SpaceX може да ги тестира и лансира своите ракети, се чини дека и пркосот кај SpaceX успеал.

Имено, и покрај тоа што знаеле дека не смеат да прават пробен лет, тие сепак продолжиле да ја напојуваат ракетата и ги направиле сите потребни чекори пред тестот. Дури се чинело дека ќе го направат тестот, и покрај забраната, но на крајот се откажаа.

Да не ја почитуваа одредбата на FAA, тоа ќе беше крајно опасно за SpaceX и Маск. Освен што може да има правни последици, секое идно тестирање и одобрување за лансирање би можело да се доведе во прашање.

Така, се чини, лансирањето на Starship не пропадна целосно и може да се случи во следните неколку дена. Ова го посочи и FAA, која во официјалното соопштение напиша дека тие работат со SpaceX за решавање на безбедносните проблеми пред да дадат одобрување за следниот тест. Кога би бил тој? Никој не може да каже во моментов.

Ако се прашуваше Маск, тоа ќе беше веднаш.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП