5 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАИ Андроид телефоните ќе го користат Office Mobile

И Андроид телефоните ќе го користат Office Mobile

ofice

„Office Mobile“ од вчера е достапен за паметните телефони кои работат на Андроид, а први за користење ќе го имаат жителите на САД, додека на уште 117 пазари се очекува во наредните неколку недели.

Според информациите од компанијата, „Office Mobile“ ќе биде достапен на 33 светски јазици, а сите корисници кои поседуваат „Office 365“ лиценца можат бесплатно апликацијата да ја превземат од „Google Play“.

Како и претходно претставените верзии за „iPhone“ и „Windows Phone“, „Office Mobile“ за Андроид им овозможува на корисниците пристап, преглед и правење измени во „Microsoft Word“, „Excel“ и „PowerPoint“ документите со користење на мобилниот телефон. Исто така оваа апликација ќе им овозможи и креирање на нови „Word“ документи или табели во „Excel“.

Првите импресии на корисниците кои имале можност да ја пробаат оваа апликација укажуваат на тоа дека документите изгледаат одлично на екраните на телефоните со Андроид, како и дека нивната содржина и формат остануваат непроменети по внесување на измени или коментари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП