Несреќниот млад човек се обиде да забрза, но мечката продолжи да трча по него.
Минатиот викенд, многу љубители на скијањето се упатија кон Романија во популарниот ски-центар “Predeal”, но едно скијање можеше да заврши фатално. Имено, мечка трчаше по скијачот, а луѓето кои во тоа време беа на жичарницата викаа и се обидуваа да го одвлечат вниманието од мечката. “Побрзо, побрзо! Не гледајте зад вас”, извикуваа луѓето, пренесува романски Digi24.

