29 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Hublot“ се потпира на Кина за раст на приходите

„Hublot“ се потпира на Кина за раст на приходите

Швајцарскиот производител на луксузни часовници „Hublot“, дел од француската групација „LVMH“, очекува приходите од продажба да пораснат од 15 до 20% во 2021-ва година, поддржани од Кина. Прогнозата е по тешката 2020-та година и по предизвикувачкиот почеток на новата година, а веста ја објави лично извршниот директор.

Минатата година приходите од продажба на швајцарската компанија се намалија бидејќи продавниците се затворија поради блокадите за контрола на пандемијата, а туризмот, важен двигател на продажбата во индустријата, пропадна.

Некои компании кои имаат силно присуство во континентална Кина имаат корист од закрепнувањето на побарувачката. Меѓу нив е и „Richemont“, кој се врати на раст во последниот квартал од 2020-та година.

„За „Hublot“, очекуваме 15-20% раст на приходите во оваа година … Во Кина, сè уште имаме голем потенцијал, така што таму очекуваме силен раст од 30-35%“, изјави извршниот директор Рикардо Гвадалупе.

Според него, зголемувањето на приходите во последниот квартал е поголемо од третиот и за „Hublot“ и за целиот бизнис со часовници и накит на „LVMH“. Најголемата групација на луксузни стоки во светот, се очекува да ги објави своите годишни финансиски резултати наскоро.

Гвадалупе вели дека растот е дојден од Кина, а Макао исто така бележи подобрување од октомври. Во Хонг Конг ситуацијата е сè уште покомплицирана поради политичката ситуација, но во Јапонија и на Блискиот исток бизнисот оди добро.

„Западна Европа останува тежок пазар поради недостаток на туристи“, рече Гвадалупе. Продавниците се затворени поради ограничувања од Ковид-19, што влијае на продажбата во Швајцарија, Германија, Холандија и Велика Британија.

Извршниот директор посочува дека брендот сака дополнително да ја поедностави својата дистрибутивна мрежа во текот на следните неколку години и годинава ќе отвори помалку нови продавници во поголемите градови во Кина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП