6 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈА„Apple“ подготвува „MacBook“ со поддршка за „5G“?

„Apple“ подготвува „MacBook“ со поддршка за „5G“?

Добрата вест за фановите на „Apple“ доаѓа во форма на информација дека компанијата се чини дека работи на својот лаптоп кој ќе има поддршка за „5G“.

Според „Bloomberg“, „Apple“ развива „MacBook“ со поддршка за „5G“. Сепак, истиот извештај сугерира дека споменатиот лаптоп нема да биде достапен во блиска иднина.

Не е позната причината зошто ќе мора да чекаме подолго за излегувањето на „5G MacBook“, но сигурно ќе биде интересно да се види лаптоп со „5G“ врска. Можно е „Apple“ да одвои малку време за да види која од двете „5G“ варијанти ќе биде попопуларна, со цел да се спроведе поддршка во „MacBook“.

Бидејќи нашите паметни телефони и таблети можат да бидат поврзани на Интернет преку мобилна врска, интересно е прашањето зошто таквата опција не е толку достапна за лаптопите. Постојат лаптопи кои ја поддржуваат мобилната мрежа, но тие не се толку чести како што може да се мисли, иако предностите на ваквите уреди се очигледни.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП